ЗИМСКИ ЛАДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ И ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа снег!
Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) нашата Република Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен бран од исток и од североисток, односно од Русија. Ќе дојде до формирање на секундарен циклон над Медитеранот и тој ќе услови да имаме многу обилни врнежи од дожд кои полека ќе преминуваат во снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на првата и посериозна снежна покривка за оваа сезона.
Според она што можам да го кажам во моментов и според најновите излези на прогностичките материјали, на 2 и на 3 октомври снежната граница во нашата Македонија ќе се спушти дури и на помала надморска височина (локално под 1000 метри).
Снег на 2 и на 3 октомври можеме да очекуваме и во повисоките населени места, па дури и во дел од градовите во западните и во северните предели од нашата Република Македонија.
Следува целосна и детална метео анализа токму околу овој зимски бран во првите денови од месец октомври.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе температури кои насекаде се позитивни односно над нулата и претежно облачно време а во јужните и во југозападните предели имаме и локални врнежи од дожд. на високите планини со надморска височина од над 1400/1500 метри има врнежи од дожд и од снег. Најголема снежна покривка пак има на Попова Шапка каде таа изнесува [...]


by