Август го испраќаме со значително пониски температури на воздухот!
Во текот на денешниот ден (недела 31 август) во нашата Република Македонија ќе имаме постепена стабилизација на времето и намалување на облачноста. Сепак, ќе биде значително посвежо за разлика од изминатите денови и тоа поради продорот на значително посвежа воздушна маса која продира од север. Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.
Во Скопје и околината исто така следува стабилизирање на времето и намалување на облачноста. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен, а во Скопје и околината максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 28 степени.
Утрешното утро (понеделник 1 септември) ќе биде ведро и значително посвежо насекаде во нашата Македонија и со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, додека на високите и планинските места температурите би можеле да бидат и уште пониски. Во Скопје и околината утре (понеделник 1 септември) наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Да напоменам дека утре (понеделник 1 септември) ни започнува и климатолошката есен.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 12 Мај 2026 ни донесе ведро и релативно топло време во Македонија со појава на умерена облачност особено во западните предели. Уште од ова утро повремено дуваше засилен ветер од западен правец особено во западните предели. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури до 8 часот утрово по градови [...]


by