ЕКСТРЕМНО ТОПЛО: Следната работна седмица и до 43 степени, па голем пад на температурите!
Под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка, во периодот од понеделник (21 јули) па се до петок (25 јули) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на многу места температурите ќе надминуваат и 35 степени, додека во Повардарието локално температурата ќе надмине и 40 степени, односно таа ќе се искачи до околу 42/43 степени. И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период температурата ќе биде екстремно висока и ќе надминува 40 степени.
И во Скопје и околината повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.
Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали, голем пад на температурите (за повеќе од 10 степени) засилен ветер од северен правец, но и локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи може да очекуваме во петок навечер и ноќта кон сабота (25 кон 26 јули).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Последното ажурирање на прогностичките материјали и понатаму укажуваат на тоа дека од 17-ти март па во деновите потоа на Балканот и секако во Македонија доаѓа поладен и поврнежлив период. Ќе бидеме под влијание на значително поладен воздух од север кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот. Ќе имаме и почести и повремено пообилни врнежи. Поради значителното заладување на [...]


by