Од 8 јули многу ладен Атмосферски фронт од северозапад се спушта во Европа!
На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот. Токму ова многу топло време ќе го прекине многу ладниот Атмосферски фронт кој од 8 јули (вторник) од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и нашата Република Македонија.
Токму овој ладен атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе од 15 степени низ Европа и Балканот. Ова ќе услови и многу поврнежливо време со чести временски непогоди. Поради заладувањето, во Алпскиот регион ќе има и пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Временски непогоди од 8 јули (вторник) го очекуваат и регионот.
Кај нас во Македонија во недела (6 јули) во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Значително освежување на времето и голем пад на температурите на воздухот, проследено со засилен ветер од северен правец од средината на следната седмица, како што погоре наведов ни следува и во нашата Република Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Значително свежо утро беше денешното Недела 17 Мај 2026 со минимални температури кои насекаде во Македонија беа под просекот за месец Мај. Најладно ова утро беше на Попова Шапка со измерени само 1 степен. Токму на Попова Шапка ова утро се забележани и слаби врнежи од снег. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените [...]


by