Најава за дестабилизација на атмосферата: Локални врнежи, грмежи и невреме!
Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во нашата Република Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови.
Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме со појава на град, електрични празнења и силен ветер.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие нема многу да се менуваат, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, што значи ќе бидат релативно пријатни и нема да бидат премногу високи. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во утринските часови од денешниот ден среда 3 Јуни 2026 во Македонија имаме ведро време со појава на мала до умерена локална облачност и имаме релативно високи температури, односно пријатно време ова утро и без некој изразен ветер. Од запад полека ни се приближуваат малку повеќе облаци. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени низ Македонија во [...]


by