Продор на посвеж воздух од север, пред нас се многу попријатни температури!
Поради продор на посвежа воздушна маса од север, во нашата Република Македонија ни следуваат многу попријатни температури на воздухот, како и намалување на интензитетот на топлиот бран од Африка кој овие денови ја зафати нашата Македонија.
Сето ова ќе услови повремено да дува засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе имаме локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Појава на некое големо невреме овој пат за среќа не очекуваме, што значи дека се работи за значително помала нестабилнот за ралика од минатиот пат, кога беше многу нестабилно.
Температурите во следните денови ќе бидат многу попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени, додека во Скопје максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 32/33 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by