МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Подготвени за летни температури?!
Следната седмица конечно ќе ја почувствуваме летната топлина, што значи за прв пат оваа сезона ќе го почувствуваме влијанието на Африка, што значи тоа?! Тоа значи дека следната седмица ни пристигнува првиот Африкански топол бран и истиот кончено ќе ни донесе многу повеќе сонце, како и летни температури на воздухот.

Во текот на следната седмица, температурите ќе бидат летно високи и тие на повеќе места ќе се искачат близу 30 степени, а во Повардарието тие ќе бидат над 30 степени.

Врнежите пак речиси и дека ќе ги немаме следната седмица, а тоа значи дека барем одсега гледано, очекуваме конечно повеќедневно стабилно и суво време, со многу повеќе сонце.
Лубителите на летото и на летните температури конечно си доаѓаат на своето.
Да напоменам дека од 1 јуни ни почнува климатолошкото лето.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден Петок 15 Мај 2026 во Македонија помина во знакот на релативно топло време со пролетни температури на воздухот. Беше сончево со умерена облачност а попладнево повремено засилуваше ветер од југозападен правец и има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Инаку во текот на ноќта кон утрешното утро Сабота 16 Мај 2026 во западните предели [...]


by