ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ БРАН ОД ЈУГ: Сепак, повремено ќе има локален дожд и силен ветер!
Во нашата Република Македонија следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со повремено засилен, до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието и во источните предели од нашата Македонија.
Денес (четврток 10 април) и во (сабота 12 април)ќе има појава на локален дожд, додека на повисоките планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има појава на повремен снег.
И во делови од Скопскиот регион денес (четврток 10 април), како и во (сабота 12 април)ќе има услови за краткотраен дожд. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (повремено во делови од котлината ветерот ќе достигнува брзина до околу, па и над 60 км/час).
Да напоменам дека локално е можна и појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Што се однесува до температурите, тие од ден на ден ќе бидат се повисоки, како минималните утрински, така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден температурите речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, на многу места тие ќе се искачат и до околу, па и над 15 степени, а во Повардарието, како и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, па и над 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Изминативе неколку денови Франција е погодена од екстремно топол бран кој условува да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места надминуваат 40 степени. Активен е црвен метеоролошки аларм во Франција поради екстремно високите температури на воздухот. На метеоролошката карта многу добро може да се види дека на многу места вчера понеделник, 22 јуни температурите во Франција [...]


by