Оваа работна седмица ни носи многу поладно време, особено наутро и со температури до -10 степени!
Во текот на оваа работна седмица во Македонија ќе имаме значително поладно време, односно, ќе бидеме под влијание на ладна и на релативно сува воздушна маса која ќе продира од истокот и од североистокот на Европа. Температурите позначително ќе опаднат, особено во ноќните и во утринските часови, кога минималните температури насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, особено од оваа среда.
Повремено ќе засилува ветер од северен правец, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди.
Наутро температурите во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места,м секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите ќе се спуштат и до околу -10 степени. Преку ден пак температурите исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите дселови од Македонија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by