ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ: Температури и до 16 степени!
За време на Божиќните празници ќе бидеме под влијание на потопла воздушна маса од југ, и истата ќе услови позначителен пораст на температурите на воздухот. Времето ќе биде претежно стабилно и суво, освен ноќта вторник кон среда кога особено во западните предели од Македонија ќе има локални врнежи од дожд.
Повремено за големиот Христијански празник, Божиќ ќе засилува ветерот од јужен и од југозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат околу, или понекаде за некој степен под нулата, а на повеќето места тие ќе бидат позитивни, односно над нулата. Максималните дневни температури пак ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.
Во Скопје исто така ќе имаме потопло време и претежно стабилно, повремено со слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе се спушта помеѓу 0 и 4 степени, додека преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by