ДОАЃААТ ВИСТИНСКА ЗИМА И УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Следната седмица наутро и до околу -10, а потоа дожд и снег!
Под влијание на многу постудена воздушна маса од север, во текот на следната работна седмица ќе биде особено студено со многу пониски утрински и дневни температури на воздухот. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а особено на планинските места, како и во Беровскио регион тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, што значи дека очекуваме појава на умерени до јаки мразеви.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на следната работна седмица на многу места нема да надминуваат 10 степени, а на повеќето места ќе останат и под 10 степени, што значи дека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени во најтоплите југоисточни предели од државава. Сето ова ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Особено од средината на следната седмица ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има повремен снег, со што е можно формирање на првата бела покривка за оваа сезона. Не се исклучува можноста снежната граница понекаде да се спушти до околу, па и нешто под 1000 метри надморска височина, со што провејување на снег за прв пат оваа сезона можно е да има и во повисоките населени места.
Се на се, зимата до сега и тоа како ја чувствуваме, особено во ноќните и во утринските часови каде на повеќе емста низ Македонија има појава на мраз, а со уште поголем интензитет истата ќе ја почувствуваме во текот на следната работна седмица.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро сабота 2 Мај 2026 за жал во поголем дел од Македонија донесе ведро и невообичаено ладно време за самиот почеток на месец мај со минусни температури и со појава на мраз и на слана. Најладно ова утро до 8 часот беше во Берово со измерени -4 степени. На Скопје Петровец температурата утрово до 8 часот се спушти [...]


by