ЗИМСКО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Измерени се -6 степени, почетокот на следната седмица ни доаѓа првата бела покривка на планините?!
Денешното утро е зимско во Македонија, со температури кои на многу места се спуштија под нулата, а времето е ведро и тивко, но по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност.
Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -6 степени, а највисока минимална температура во исто време е измерена во Охрид, и тоа 3 степени.

Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени утринава до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
До крајот на неделава останува стабилното и суво време, со студени утра и со температури кои во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, температурите преку ден, особено од недела ќе бележат тенденција на пад, што значи дека ќе биде уште постудено.
Почетокот на следната седмица по се изгледа ни ја носи и првата бела покривка на планините, но околу ова официјални информации ќе имам во следните мои метео објави.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 1 Мај 2026 петок во поширокиот дел од Балканот е исклучително и невообичаено ладно за овој период од годината. Исто така исклучително ладно ова утро е и во Македонија. Инаку, територијата на целиот Балкан како и на Македонија се наоѓа под влијание на многу ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот кон нашиот дел од [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by