ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН ВО МАКЕДОНИЈА ПОВРЕМЕНО ЌЕ УСЛОВУВА ВРНЕЖИ ОД ДОЖД КОИ ЛОКАЛНО ЌЕ БИДАТ ПОРОЈНИ! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ…
Под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, денес како и во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет.
Денес и утре локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес од југоисточен, а во следните денови од северен и од североисточен правец.
Температурите и понатаму ќе бидат РЕЛАТИВНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Во следниот период влажен снег ќе врне само на високите планински места.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес од југоисточен, а во следните денови претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 13 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by