Значително затопли времето во нашата Република Македонија!
Денешниот ден (среда 6 август) во нашата Република Македонија помина во знакот на умерено, а особено во претпладневните часови и позначително облачно време. Во попладневните часови пак имаше повеќе сонце, а само во планинските предели локално имаше мала нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повремено засилуваше ветер од северен и од североисточен правец.
Највисока максимална температура денес до 17 часот попладнево е измерена во Гевгелија, и тоа 35 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите денешните максимални температури измерени до 17 часот попладнево во нашата Република Македонија.
Пораст на температурите на воздухот како што и претходно најавив ќе имаме во следниот период, кога повторно ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат и 35 степени, особено во западна и во југозападна Европа. Како што претходно [...]


by