Започнаа врнежите од дожд во Македонија, локално се пообилни
Во овие попладневни часови особено во јужните и во западните предели од Македонија имаме врнежи од дожд кои локално и повремено се пообилни. Само на високите планини над 1800/1900 метри надморска височина има врнежи од снег особено во северозападните планински предели. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
До 12 часот на пладне најмногу дожд има ваврнето во Гевгелија и тоа 6 литри дожд.

На метеоролошката карта можете да го видите наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во Македонија и тоа до 12 часот на пладне.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во следните денови Македонија ќе биде под влијание на променливо и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд, локални грмежи и засилен ветер. Времето ќе се менува често, па покрај сончевите периоди ќе има и услови за развој на нестабилна облачност, особено во попладневните и вечерните часови. Температурите ќе се движат од 18°C до 25°C, со посвежи утра [...]


by