Во Македонија се очекуваат послаби врнежи од дожд и од снег, во котлините можен е замрзнат дожд!
Денес (вторник) во Македонија ќе имаме повеќе облачност и поладно време, а на повеќе места како што и претходно напоменав ќе има слаби врнежи од дожд, или од дожд и снег на повиските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките места и на планините, и секако на Скијачките центри.
Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините и понатаму ќе продолжи маглата и ниската облачност, па така во котлините, особено во Пелагониско, како и оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието е можна и појава на замрзнат дожд.
И во Скопје и околината денес ќе имаме повеќе облачност, а во ниските предели од котлината ќе продолжи да има магла и ниска облачност. Не се исклучува можноста во делови од котлината да има појава и на слаб замрзнат дожд.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 4 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by