ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!
Под влијание на многу поладен циклон со центар над Средоземјето, и на голема влажна воздушна маса, во петок доцна попладне и навечер, како и за време на викендот во Македонија ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд на ниските, како и од снег на повисоките места и на планините, каде очекуваме формирање на значителна снежна покривка (локално над 30/40 cм).
Поради продорот на ладен воздух од север, повремено врнежи од снег ќе има и на местата со помала надморска височина (под 1000 метри), па така поголема е веројатноста снежна покривка да се формира и во градовите, особено во западните и во северните предели.
Што се однесува до времето во Скопскиот регион, во петок доцна попладне и навечер, како и за време на викендот ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а поради продорот на ладен воздух од север, врнежите од дожд на околните планини ќе преминуваат во врнежи од снег, каде се очекува формирање на снежна покривка. Повремено врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината.
Локално за време на овој голем влажен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 40/50 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите тие значително ќе опаднат и ќе биде многу постудено за разлика од сега, но за тоа како ќе се движат истите, детални информации околу тоа ќе имам во текот на утрешниот ден, кога ќе имам уште подетални и појасни информации околу овој многу поладен и влажен бран кој ни доаѓа.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]