ВО ЕВРОПА ПРИСТИГНУВА МОЌНИОТ АНТИЦИКЛОН “ЗЕВС” – Привремено ќе ја убие зимата и ќе донесе високи температури!
Ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија се согласуваме со европските и со балканските метеоролози дека следната седмица во цела европа пристигнува силниот антициклон “Зеус“. Тој и тоа како на некое време ќе ја убие зимата и ќе донесе невообичаено високи температури насекаде низ континентот, дури и над 15 степени.
Во центарот на овој антициклон воздушниот притисок ќе биде многу висок (дури 1035 хехтопаскали).
Едно е сигурно, до 6-7 февруари вистинска зима и нови врнежи од снег ширум континентот не се очекуваат, што значи дека ќе има недостаток на врнежи, како од дожд, така и од снег.
Кај нас во Македонија овој антициклон кон средината, и крајот на следната седмица ќе ги покачи максималните дневни температури кога тие ќе достигнат во интервалот од 7 до 16 степени, но од друга страна наутро ќе биде многу студено како што и претходно кажавме и температурите во утринските часови кај нас ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени.
Ќе има места каде наутро температурите на воздухот ќе се спуштат и под -10 степени, со што очекуваме и појава на силен утрински мраз.
Од средината на следната седмица ќе имаме и многу сонце, па токму поради ведрите ноќи и утра и температурите ќе бидат многу ниски.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by