Внимателно: Поради снег забрана за ТТВ на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег (лапавица).
Од 05.45 часот поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според од она што можам да го кажам во јавноста е тоа дека прогностичките модели упорно ни цртаат нагла и голема промена на времето за Велигденските празници во Македонија. Од 10 април (Велики петок) а особено на 11 април (Велика сабота) ќе дојде до продор на многу поладен воздух од север и формирање на снежен бран над Македонија кој [...]


by