Викендов следува ладен бран проследен со слаб дожд и снег во Македонија

Ладен бран кој ќе продре од истокот  и од североистокот на Европскиот Континент овој викенд ќе ни донесе заладување, значителен пад на температурите како и зголемување на облачноста која ќе услови да имаме локални слаби врнежи и тоа од дожд и од снег во пониските предели (градовите) и само од снег во повисоките населени места  и на планините. Некоја позначителна снежна покривка викендов нема да има во Македонија поради тоа што како што кажав се работи за слаби врнежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. И во Скопје  и околината викендов времето ќе биде значително облачно и значително поладно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во делови од Скопскиот регион ќе има услови и за слабо проврнување на дожд и на снег.

Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од  0 до 7 во Сабота на 17 Јануари и од -2 до 6 во недела на 18 Јануари. Во недела пак на 18 Јануари наутро температурите во поголем дел од Македонија ќе бидат за неколку степени под нулата  и тие ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени.