УТРЕ (ВТОРНИК) 2.7.2024 ВО РЕГИОНОТ ЕСЕНСКИ ДЕН: Се очекуваат обилни врнежи од дожд, силен северен ветер и локални временски непогоди

Утре (вторник) 2.7.2024 во регионот очекуваме есенски ден со значително потпросечни температури за почетокот на јули. Температурите во делови од Босна  и Херцеговина, Хрватска, соседна Србија  и Црна Гора и преку ден ќе останат до околу, па дури и под 15 степени.

Сето ова ќе биде проследено и со обилни врнежи од дожд на многу места во регионот, силен северен ветер, појава на грмежи и локални временски непогоди. Овој бран утре попладне  и навечер ќе ја зафати и нашата Македонија и ќе донесе локално посилно невреме.

Невремето во Македонија утре попладне  и навечер ќе биде проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и крупен. Токму поради ова препорачуваме голема претпазливост, односно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер  и на крупен град автомобилите да се заштитат.







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]