СТУДЕН И ВЛАЖЕН БРАН ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ ДОЖД, СНЕГ И НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА!
Под влијание на влажна и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од понеделник во Македонија ќе дува умерен до ЗАСИЛЕН ветер од северен и од североисточен правец и ќе има врнежи од дожд низ целата држава. На повеќе места и тоа особено во понеделник попладне и навечер врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).
На планините и на повисоките места во западните предели ќе има врнежи од снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка.
Снежната граница особено во западните предели можно е да се спушти до околу, локално и под 1000 м.н.в.
Температурите ПОЗНАЧИТЛНО ќе се намалат (дури и за повеќе од 10 степени во однос на сегашните), и во текот на следната работна недела максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 12 степени во најтоплите југоисточни предели.
НАПОМЕНА: Температурите кои се очекуваат во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ од вообичаените за овој период од годината, и наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро 18 април 2026 сабота ни донесе ведро и релативно топло време со појава на умерена облачност особено изразена во јужните и во југозападните предели од Македонија. Температурите ова утро се типични за пролетниот период и се релативно високи. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.

by