Стабилно и топло време во наредните денови
Во следниот период не очекува стабилно и претежно сончево време низ цела Македонија. Температурите ќе бидат значително повисоки од вообичаените за овој период од годината, со максимални вредности кои ќе се движат помеѓу 17°C и 19°C.
Утрите ќе бидат постудени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат околу 0°C, а на некои повисоки и котлински места можен е и слаб утрински мраз.
☀️ До почетокот на следната седмица времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и пријатно топло во текот на денот.
🌧 Од средината на следната седмица се очекува постепена промена на времето со зголемување на облачноста и појава на повремени врнежи од дожд, како и мало намалување на дневните температури.
📊 Според моменталните прогнози, времето ќе остане релативно стабилно во следните денови, а првите врнежи се очекуваат во вторник и во деновите потоа.
#МетеоАларм #ВременскаПрогноза #Македонија #Време
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by