Снежен циклон во Македонија: Забрана за Т.Т.В насекаде низ планинските превои!
ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато и од 17.00 часот на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.
Од 18.00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови на возила.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by