Следуваат продор на топол воздух од југозапад и променливо време
Под влијание на продор на значително потопол воздух од југозапад, во нашата Република Македонија следува период на значително потопло и променливо време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Особено високи температури за овој период од годината очекувам во периодот од 24 до 27 октомври кога максималните дневни температури на воздухот во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. И во Скопје и околината температурата во погоре споменатиот период ќе надминува 20 степени.
Како што кажав и претходно времето ќе биде многу променливо со повремен локален дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. И во Скопје и околината ќе има услови за повремен локален слаб дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Поради ваквите нагли временски промени ќе имаме и значително неповолни биометеоролошки услови па така наглите температурни промени особено негативно ќе се одразат кај метеопатите кај кои е можна појава на позначителни здравствени проблеми па токму поради ова апелирам метеопатите да ги слушаат советите од својот лекар поради тоа што пред нас и тоа како се големи и нагли временски и температурни промени.
Следните утрини ќе почувствуваме дека и минималните температури се повисоки, односно и наутро ќе биде потопло.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by