СЛЕДУВА ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе врне дожд, на планините и Скијачките центри снег, а снежната покривка ќе се зголемува!
До крајот на оваа недела во Македонија ќе имаме многу променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, повремено и на повисоките места со надморска височина до околу 1000 метри, и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.
Особено во недела повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопскиот регион следува период на променливо време со повремен локален дожд, додека на околните повисоки планини ќе има услови и за повремени врнежи од снег. Особено во недела ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, поради облачноста наутро тие речиси насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите и планинските места каде секако како што погоре напоменав ќе имаме нов снег а и температурите ќе бидат многу пониски.
Максималните дневни температури пак во Македонија во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Барем одсега гледано, повторно спуштање на значително поладен воздух од север во Македонија ќе има кон средината на следната седмица, но околу ова подетална и многу попрецизна анализа ќе имам за време на викендот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]