Следува силно невреме во нашата Македонија!

Денес среда (21 мај) територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од поголем фронтален влажен бран од југозапад, и истиот ќе предизвика поголема дестабилизација на атмосферата.

Во ваква ситуација, на многу места во Македонија ќе има развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, гремежи и силен ветер во зоната на нестабилност кој ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално пак, процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион исто така ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

Температурите остануваат без поголеми промени.

Апелирам, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења да се избегнува претстој на отворен простор или под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/ 







Занимливости

  • 05 Окт 2025

    Страшно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево. Големи поплави и човечки жртви. Според официјалните податоци, една жртва е пронајдена во подрум на хотел во Елените, додека животите ги загубиле и багерист-доброволец кој расчистувал, како и граничен полицаец што се обидувал да спаси други луѓе. Штетите [...]