Катастрофални поплави во Бугарија, има загинати
Страшно невреме го погоди бугарското приморје, при што загинаа три лица, а властите прогласија вонредна состојба во општините Несебар и Царево.
Големи поплави и човечки жртви. Според официјалните податоци, една жртва е пронајдена во подрум на хотел во Елените, додека животите ги загубиле и багерист-доброволец кој расчистувал, како и граничен полицаец што се обидувал да спаси други луѓе. Штетите се огромни, а постои стравување дека бројот на загинати ќе се зголеми по повлекувањето на водата.
Во населбата Изгрев наврнале над 410 литри дожд на метар квадратен, а во Царево околу 225. Поплавите предизвикале уривање на мостови, оштетување на патишта и потопување на бројни објекти. Дел од населението е евакуирано, а војската работи на расчистување на реките и блокираните подрачја. Според властите, дополнителен фактор за поплавите било неисчистеното речно корито. Целиот регион се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Недела 7 Јуни 2026 во Македонија донесе ведро, тивко и релативно топло летно време со пријатни минимални утрински температури на воздухот. Најниска температура ова утро до 8 часот беше измерена во Берово и тоа 9 степени, а во исто време највисока минимална температура во Македонија е измерена на Скопје Зајчев Рид и тоа 18 степени. На табелата [...]


by