Слаби врнежи вечерва има во западна Македонија, слаб снег на Попова Шапка
Вечерва во Македонија имаме повеќе облачност а особено во западните предели имаме и послаби локални врнежи од дожд а на повисоките планини над 1500/1600 метри надморска височина провејува снег како на пример на Попова Шапка каде вечерва провејува снег и температурата изнесува само 1 степен над нулата. Повремено засилува ветер од југоисточен правец.

На табелата која вечерва ја објави УХМР можеме да видиме дека највисока температура до 19 часот е измерена на Скопје Петровец и тоа 13 степени. Во Берово пак во исто време наврнаа 1 литар на метар квадратен воден талог.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Недела 31 Мај 2026 во Македонија ни донесе ведро и не многу свежо време Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. Најсвежо до 8 часот утрово беше во Берово со измерена минимална температура од 6 степени а највисока минимална температура ова утро исто така до 8 часот беше измеена на Тополчани и тоа 15 степени. На [...]


by