Силен земјотрес од 7.6 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на Јапонија односно регионите Аомори и Хокаидо. Според Јапонската метеоролошка агенција североисточниот брег може да го погодат бранови високи до три метри и издадено е предупредување за цунами.

Геолошкиот завод на САД (USGS) објави дека земјотресот се случил во 23:15 часот по локално време на околу 70 километри од јапонскиот брег и на длабочина од околу 53 километри.







Занимливости