РЕГИОНОТ И МАКЕДОНИЈА НА УДАР НА ГОЛЕМ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Од среда 16.06.2024 температури до 40, 41 степен, исто така доаѓа и нов облак со прашина и песок од Сахара

Од среда 19.6.2024 територијата на целиот Балкан, влучувајќи ја и Македонија ќе бидат зафатени од многу топол воздушен бран со потекло од северните предели на Африка.

Температурите преку ден на многу поместа ќе надминуваат 30 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 35 степени. Локално особено во соседна Србија, југозападот на Босна, како и во Хрватска локално температурата ќе се искачи дури и до околу 40, 41 степен.

Што се однесува до Македонија, температурите од среда токму и кај нас насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места и до околу 35 степени, додека локално во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 40 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, што значи дека попладневна нестабилност и невреме не се очекуваат. Сепак повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Најпогодена од овој топол бран од Африка овој пат ќе биде Италија, и таму локално се очекуваат температури дури и над 42 степени.

Исто така, следната седмица од Сахара над поголем дел од Европа, како и од Балканот, вклучувајќи ја и Македонија повторно ќе биде присутно поголемно количество на прашина и на песок, па така и атмосферата ќе биде заматена и нема да биде чиста, а времето ќе биде многу мачно и спарно и температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.

 







Занимливости

  • 24 Мај 2026

    Деновиве голем дел од Европскиот Континет го зафаќа првиот голем топол бран за оваа сезона. Температурите во следните денови во голем дел од Европа ќе надминуваат 30 степени а на повеќето места тие ќе се искачат и близу 35 степени. Локално низ Европа температурите ќе надминат  и 35 степени, особено во западна  и во југозападна Европа. Како што претходно [...]