ПРОДОР НА ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН ОД ЗАПАД ЌЕ ДОНЕСЕ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА!

објавено на:

20 Мар 2023

од:

сподели:

До крајот на денов времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите остануваат ПРОЛЕТНИ и на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и до околу, па и малку над 20 степени.

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат попладнето и вечерта кога локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Врнежи од снег попладнето и вечерта ќе има само на највисоките планински предели (над 1800 м.н.в).

Во Скопје и околината исто така утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладнето и вечерта.

Потоа од среда па натаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво, сончево и ПРОЛЕТНО ТОПЛО време, кога температурите ќе се искачуваат до 23 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.