Денес (петок) краткотрајна стабилизација на времето, но и поголем пораст на температурите
Денес кај нас во Македонија очекуваме краткотрајна стабилизација на времето, иако ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Денес преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени
.
Од утре веќе, и тоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, влегуваме во нов период на многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер и невреме.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]