ВИКЕНД ВОНРЕДНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Подгответе се за обилни поројни врнежи, громови, бурен ветер и крупен град

Под влијание на циклон од западна Европа, во текот на утрешната вечер и ноќта кон недела, како и во недела во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме со град. Во исто време ќе бидеме  и под влијание на топол бран од Африка, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат до околу 31-32 степени.

Токму поради топлиот Африкански бран, кој позначително ќе ја загрее Атмосферата и ќе ја исполни со енергија, локално е можно посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град.

И во Скопје  и околината од утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, како и во недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е  и појава на невреме.

Препорачуваме, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја, а во случај на силен ветер автомобилите да не се оставаат во близина на дрвја.








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]