Продолжува пролетното топло време: Ќе имаме променлива облачност, но и услови за слаби локални врнежи од дожд!
Овој викенд како што и најавивме продолжуваат пролетните температури на воздухот. Тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Наутро пак температурите речиси насека остануваат над нулата, што значи не постојат услови за појава на утрински мразеви.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, иако денес локално ќе биде и позначително облачно.
Ќе има услови и за сосема слаби локални врнежи од дожд (ништо сериозно не се очекува).
Што се однесува до ветерот, денес тој ќе биде со слаб до умерен интензитет и од јужен правец, додека утре ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време со температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.
Незначително опаѓање на температурите и локални врнежи од дожд ќе имаме во вторник.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by