Пред наглата промена на времето во Македонија, измерени се 26 степени

Денешниот ден понеделник 20 април 2026 во Македонија беше вистински пролетен топол, претежно стабилен и сув. Имавме сончево време со појава на умерена облачност во попладневните часови а локално имавме  и повеќе облачност а особено во западните предели повремено дуваше засилен ветер од западен правец.

Најтопло денес до 17 часот беше во Демир Капија каде максималната температура се искачи до 26 степени. На Скопје Петровец максималната температура денес се искачи до 24 степени а на Скопје Зајчев Рид таа денес се искачи до 22 степен.

Сепак оваа ноќ кон утрешниот ден вторник 21 април 2026 како што веќе најавив ни следува нагла  и голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север  и токму ова ќе услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат влажни воздушни бранови кои ќе ни донесат нови врнежи, северен и северозападен ветер, пад на температурите за околу па и за повеќе од 10 степени во споредба на оние температури кои ги имавме до денес а на планините над 1400/1500 метри надморска височина поради заладувањето врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег  и ќе се формира снежна покривка.

 







Занимливости