ПЛАНИРАТЕ ДЕНЕС СКАРА ВО ПРИРОДА? Од пладневните часови очекувајте локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Како што и долго време најавуваме од денес започнува дестабилизација на Атмосферата и влегуваме во многу нестабилен период со чести врнежи и грмежи, и тоа поради влијанието на циклон од западна Европа.
Денес, од пладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град, па така доколку планирате скара во природа, тоа најдобро да го направите во текот на претпладневните часови.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.
Во Скопје и околината очекуваме слично време, што значи дека од пладневните часови се очекуваат локален пороен дожд, услови за ретки грмежи, како и со засилување на ветерот. Температурата денес во Скопје ќе се искачи до околу 25-26 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро недела 19 април 2026 во Македонија ни донесе ведро и поладно време а ветерот од северен правец кој го имавме до вчера, утринава значително ја намали својата брзина. Најладно ова утро е во Берово каде температурата се спушти на 0 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија.

by