Овој викенд нови обилни врнежи од дожд и силен ветер (над 70 км/час) – Снег само над 2000 метри!
Нашата територија се наоѓа под влијание на влажен воздушен бран од запад и токму овој влажен воздушен бран за време на овој викенд ќе условува повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат обилни (над 30 л/м2).
На планините над 2000 м.н.в повремено ќе има врнежи од снег.
Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со силен ветер од јужен и од југозападен правец.
Во следните часови на повеќе места низ Македонија ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).
Во Скопје и околината исто така ќе има врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Потоа од понеделник до четврток ќе имаме постабилно и релативно суво време, а нови обилни врнежи и поголемо заладување на времето барем според последно направените анализи ќе имаме во петок и за време на следниот викенд.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
- Ако вака останат работите, како што неодамна споменавме, следниот викенд на Балканот пристигнува првиот поголем студен бран кој освен на планините и на повисоките места, првиот снег ќе го донесе и во градовите.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by