ОД УТРЕ ДО ЧЕТВРТОК ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТАБИЛНО И ПОТОПЛО – ЗА ВЕЛИГДЕН ОБЛАЧНО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ – МОЖНО Е НЕВРЕМЕ!

Од утре до четврток времето во Македонија ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТАБИЛНО и ПОТОПЛО и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ. Ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, сепак не се исклучува можноста за сосема слаб локален дожд. Ќе дува северен и северозападен ветер и истиот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Температурите, како минималните утрински, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ. Наутро истите ќе бидат на многу места над нулата, а максималните дневни температури речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите ќе се искачат до околу 22, 23 степени.

Сепак од петок, па за време на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден повторно ќе имаме облачно и врнежливо време. Локално ќе биде и нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, а температури повторно ќе се намалат, со што на највисоките планински места во Македонија повторно ќе се создаваат услови за нови врнежи од СНЕГ.

Се на се, барем одсега гледано, Велигден ќе го поминеме во знакот на врнежливо време и со пониски температури. Сепак официјална метео анализа околу ова следува овие денови.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!