Од среда до петок (25/27 јуни) максимум на овој топол бран, па освежување!
Топлиот бран од Африка во нашата Република Македонија засилува на интензитет, и со најголем интензитет ќе биде од утре (среда до петок 25/27 јуни). Во овие денови температурите ќе бидат највисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 39/40 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
Времето во овие денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.
Освежување на времето ни следува во петок попладне и навечер кога локално ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на невреме. За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец а температурите ќе бидат пониски и попријатни.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by