Од денес потопло преку ден – До крајот на овој месец нема нови обилни врнежи од снег!
До крајот на оваа недела во Македонија повремено облачноста ќе се зголемува, но ќе има и сончеви периоди, а ќе има и услови за повремени локални и сосема слаби врнежи од дожд и од снег. Снег особено ќе провејува на планините и на Скијачките центри.
До крајот на оваа недела, особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец (повремено собрзина од над 60 км/час).
Наутро температурите остануваат под нулата, и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а преку денот студот ќе попушти, што значи дека температурите ќе се движат во интервалот од 3 до 13 степени.
Во Скопје и околината очекуваме случно време. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и -1 степен, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 11 степени.
- Некои нови обилни врнежи од снег до самиот крај на овој месец не очекуваме.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе ладно утро со температури кои на повеќе места се спуштија за неколку степени под нулата и имаше појава на слаб мрз. Исто така ова утро имаше појава и на умерена облачност а беше претежно тивко и без некој изразен ветер. На табелата објавена од страна на УХМР може да видиме дека најладно утрово [...]

by