Обилни врнежи: За само 6 часа наврнаа нови 28 литри дожд кај нас
Нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои повремено условуваат да имаме обилни и поројни врнежи од дожд проследени со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец како и со локална појава на грмежи.
Во изминатите 6 часа односно до 13 часот попладнево во Охрид наврнаа нови 28 литри дожд на метар квадратен, значително количество на дожд наврна и во Гевгелија и тоа 25 литри дожд на метар квадратен.

На табелата можете да ги видите температурите како и наврнатото количество на воден талог до 13 часот попладнево измерени на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by