Нов бран на врнежи доаѓа од југозапад во Македонија: Ќе врне и дожд и снег
Под влијание на нов бран на врнежи, односно на нов влажен бран од југозапад во Македонија попладнево и вечерва како и во текот на ноќта кон утрешниот ден вторник 10 февруари 2026 на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во јужните и во југоисточните предели од Македонија каде локално ќе наврнат нови над 15 литри на метар квадратен дожд. Во исто време од север ќе се спушта поладен воздух па така на планините и повисоките места со надморска височина од околу и над 1000 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.
И во Скопје и околината во погоре спомнатиот период ќе има повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.
Температурите до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 6/7 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by