НЕМА ОПАСНОСТ ОД НОВИ МРАЗЕВИ: Следува променливо, но пролетно топло време!
Во периодот од 14 до 21 април во Македонија ќе имаме период со пролетни температури на воздухот, што значи ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса, но и покрај ова ќе имаме променлива облачност и појава на повремен локален дожд, кој повремено ќе биде пороен и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер.
Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Слично време ќе имаме и во Скопскиот регион.

Што се однесува до температури, тие речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, или ќе бидат близу или околу 20 степени, а во Повардарието, како и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 25 степени. И во Скопскиот регион за време на овој период температурата ќе надминува 20 степени.
Да напоменам дека и минималните утрински температури на воздухот насекаде ќе бидат позитивни, однсоно над нулата и не очекувам појава на мраз.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by