Натпросечно топло, но од четврток (11 септември) и нестабилно со врнежи и грмежи!
Под влијание на топла воздушна маса од југ, и во текот на оваа седмица во нашата Република Македонија ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 32/33 степени.
Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност а од четврток (11 септември) па во деновите потоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме. И во делови од Скопскиот регион од четврток (11 септември) во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Во текот на оваа седмица ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија од денес среда 13 Мај 2026 влегува во поладен, односно значително посвеж период со температури кои ќе бидат за околу па и за повеќе од 10 степени пониски во споредба од оние температури кои ги имавме до вчера. Ќе бидеме под влијание на поладен воздушен бран кој од северозапад се спушта во Македонија. Повремено ќе засилува [...]


by