НАЈНОВО НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ (НЕОФИЦИЈАЛНО): Зимата и студеното време кај нас би можеле да е вратат од следниот викенд?!
Има интересна ситуација на нумеричките модели од денес, а тоа е дека веќе на нумериките модели (не сите да напоменеме) се црта враќање на зимата и на студеното време, како и на снегот на повеќе места во Европа и на Балканот од следниот викенд.

Се црта спуштање на студен воздух од север, што значи дека температурите значително би опаднале и би биле минусни на повеќе места, особено во утринските и ноќните часови, со што се очекува и појава на мраз. Секако со ова очекуваме и снег понекаде и на помала надморска височина, додека Скијачките центри и останатите планини би добиле нешто повеќе снег.
Секако ова е многу неофицијално, но сепак вреди да се објави во јавноста и да се спомне. Нормално ние континуирано ќе ја следиме состојбата на нумеричките модели и постојано ќе информираме.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе ладно утро со температури кои на повеќе места се спуштија за неколку степени под нулата и имаше појава на слаб мрз. Исто така ова утро имаше појава и на умерена облачност а беше претежно тивко и без некој изразен ветер. На табелата објавена од страна на УХМР може да видиме дека најладно утрово [...]

by