НАЈАВА ЗА МНОГУ ЛАДНО УТРО: Ќе има минус и мраз!

Поради разведрувањето во текот на оваа ноќ и утре (недела 5 октомври) наутро, очекувам многу ладно утро со многу ниски температури на воздухот, невообичаени и значително потпросечни за овој период од годината.

Температурите кои ги очекувам утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, а на планинските места со поголема надморска височина ќе биде  и уште поладно.

Во Скопје  и околината утре наутро температурата ќе се спушти до близу 0 степени.

Токму поради очекуваните ниски температури, на повеќе места во нашата Македонија ќе има појава на слана  и на мраз.







Занимливости

  • 04 Окт 2025

    На Копаоник се измерени 40 сантиметри снег, а врнежите продолжуваат. Во Србија е прогласена вонредна состојба во четири општини, со црвено метео предупредување и очекувани врнежи од над половина метар снег. На Копаоник се измерени 40 сантиметри снег, кој и понатаму паѓа, соопштено е вечерва од метеоролошката станица на таа планина. Дежурниот метеоролог изјави за агенцијата Бета дека измерената температура е минус [...]