НАЈАВА: Доаѓа краткотрајно, но големо затоплување на времето и силен јужен ветер!

објавено на:

28 Ное 2023

од:

сподели:

Обилните врнежи кои ја зафатија нашата држава ќе продолжат и во следните часови, особено во западните предели и тие ќе бидат од дожд на пониските места (градовите), додека на планините ќе има врнежи од снег. Снежната граница повторно понатаму има услови да се спушти и под 1500 метри надморска височина, особено во северните и во северозападните предели од државава. На планините на запад и на севеозапад ќе дојде до понатамошно зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Потоа од четврток до сабота ќе биде претежно стабилно и суво, но ќе биде променливо облачно, а ќе има и сончеви периоди. Нов бран на врнежи од запад во Македонија ќе има од недела.

Во Скопје очекуваме слично време, што значи дека и во главниот град од четврток до сабота ќе имаме претежно стабилно и суво време,. Нови врнежи ќе има од недела.

Мора да напоменеме дека поради продор на топла воздушна маса од југ, во следниот период ќе биде значително потопло. Особено топло ќе биде во петок и во сабота и тогаш температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.  Тогаш температуата на воздухот преку ден ќе се искачува во интервалот од 10 до дури 17 степени.

Во регионот накратко во следниот период се очекуваат температури дури и до 20, па и над 20 степени.

Во петок, а особено во сабота повторно ќе биде многу ветровито, односно на многу места ќе дува засилен ветер од јужен правец. 

По овој топол бран, по се изгледа дека Балканот повторно ќе биде зафатен од нов студен бран од Арктикот и тој ќе донесе многу ниски температури на воздухот, а и снегот нема да фали. Состојбата се следи, по што следуваат нови детали околу ова наскоро.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости