НА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ ОД УТРИНАВА ВЛАДЕЕ ВИСТИНСКА СНЕЖНА БАЈКА! СНЕЖНАТА ГРАНИЦА ЌЕ СЕ СПУШТИ И ПОНИСКО! ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАЈНОВАТА МЕТЕО АНАЛИЗА…

објавено на:

10 Јан 2023

од:

сподели:

Денес во Македонија продолжуваат повремените локални врнежи од дожд, додека на планините над 1200 м.н.в ќе има врнежи од снег, со што и снежната покривка ќе се зголемува.

Попладне и во вечерните часови, како и утре ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, со што од север ќе започне да се спушта ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух па така локално провејување на СНЕГ ќе има понекаде и на пониските места (градовите).

Во Скопје и околината ќе има послаби локални врнежи од дожд, додека кон крајот на денов и навечер ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, па така освен на околните планини, услови за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.

Минималните температури во следниот период повторно речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 8 степени.

Инаку на Скијачките центри, а особено на Скијачкиот центар Попова Шапка од утрово владее вистинска снежна бајка, Снежна бајка утринава владее и на Бистра – Маврово.

 

https://youtu.be/UbNmrJd50ew?list=PLsinKgke3SaJHR51KY13IZBvZJD0Vg74j

https://youtu.be/qKa9p3f5QDY?list=PLsinKgke3SaKtrkM_QLz5ssbxlDNXm-Jh

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости