Многу ладно за нова година: Доаѓаат температури до -15 степени
Територијата на Македонија од вечерва и на дочекот на новата 2026 година, како и по полноќ 31 декември 2025 година/ 1 јануари 2026 година и на 1 јануари 2026 година наутро ќе биде под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе услови да имаме многу ниски температури на воздухот кои ќе бидат проследени со повремено засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот ден 31 декември (Среда) ќе има повеќе облачност во Македонија и локално ќе провејува слаб снег. Слабо провејување на снег локално ќе има и во текот на утрешната вечер и тоа на дочекот на новата 2026 година.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу ниски и ќе биде многу ладно како што претходно кажав и насекаде во Македонија температурите ќе бидат под нулата со што ќе има појава на слана и на мраз. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени а особено на повисоките населени и планинските места температурата ќе се спушти до околу -15 степени особено утре наутро (31 декември среда) како и за нова година (рано наутро 1 јануари 2026 година).
Мора да напоменам дека и утрешниот ден (Среда 31 декември) ќе биде многу ладен и температурите и преку ден на повеќе места ќе останат под нулата. Односно максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени.
Се на се пред нас е многу ладно време со многу ниски температури на воздухот, па секако доколку излегувате задолжително со вас ќе биде потребна топлата облека. Задолжително со вас треба да си понесете капа, шал и нараквици за да се заштитете од многу ладното време кое го очекувам за нова година.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија ни донесе температури кои насекаде се позитивни односно над нулата и претежно облачно време а во јужните и во југозападните предели имаме и локални врнежи од дожд. на високите планини со надморска височина од над 1400/1500 метри има врнежи од дожд и од снег. Најголема снежна покривка пак има на Попова Шапка каде таа изнесува [...]


by